Околу 2.500 лица од Украина се регистрирани во Црвениот крст на Град Скопје

You must need to login..!

Опис

Согласно информациите од МВР и МТСП, во Македонија влезени се околу 2.400 лица од Украина но поголем дел од нив ја користеле земјата како транзит, односно 1480 лица веќе ја напуштиле државата и заминале на нивната крајна дестинација, рече денеска во Утрински брифинг секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

  • Бројот на тие кои одлучиле да останат во државата изнесува околу 600, но тоа не значи дека на сите им треба помош. Регистрацијата на лицата кои пристигнуваат во Македонија се врши во просториите на “Даре Џамбаз” каде што на бегалците им се овозможува да побараат се што им е неопходно. Канцелариите за регистрација во работни денови се отворени од 8 до 16 часот а во саботите се врши дистрибуција на хуманитарна помош и тоа во Даре Џамбаз во Скопје а во другите градови помошта се носи директно до корисниците бидејќи бројките се многу мали, вели Тунева-Пауновска.

Од 600 лица кои останале во државата, помош побарале само 204 лица, останатите имале каде да престојуваат.

  • Лице од Украина може да прими секој кој поседува празен стан или куќа и може да се пријави во Црвениот крст каде што живее. Во моментов најголема потреба има за обувки, облека, храна, лекови и хигиена.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one + 10 =