Од удобен живот во Сиднеј, до фарма за кокошки во родното Зрзе

You must need to login..!

Опис

Во овие тешки времиња кога сите се соочуваме со пандемијата од корона вирусот, економската криза, инфлацијата, поскапувањата, некако сето тоа влијае врз сите нас да се затвориме во себе и да размислуваме од ден за ден.

Вестите секојдневно носат содржини кои дополнително не депримираат, па на сите нас во вакви времиња добро би ни дошло да прочитаме, да слушнеме, па и да прераскажеме некоја позитивна информација, вест, животна приказна.

Е токму во таа насока Утрински брифинг споделува една мотивирачка, инспиративна животна приказна.

Во неа станува збор за две млади момчиња, браќа на 30 и 34 годишна возраст кои се откажаа од комфорната зона, од удобниот живот во Сиднеј, Австралија, и се вратија во родното Зрзе да бидат фармери. Велат нивниот авантуристички дух, но пред се аманетот на деда си ги врати на корените, во родната грутка.

Во УБ разговаравме со Кристијан Шемкоски кој неговта професија како режисер на момент ја замени со улогата на фармер на сопствената фарма за кокошки.

-Се што е работено со љубов, не преставува тежина, едноставно уживаш во тоа што го правиш.

-Работевме во маркети, келнери, шанкери, за да се изпробаме во повеќе професии за да видиме каде не бива највеќе.

-Има голема разлика од Австралија и Македонија. Храната, законите се различни, но нас тоа не ни пречеше многу.

-Ние сме луѓе што бараме промена и токму таа промена не натера да се вратиме во Македонија, да се обидеме како фармери.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen − eight =