🎥 Од Скопје до Крушево на коњ ќе јаваат 18 коњаници, во чест на најголемиот национален празник Илинден

You must need to login..!

Опис

Осумнаесет коњаници денеска од Горно Лисиче тргнаа на пат кон Крушево. Таму се очекува да пристигнат на 2ри август, каде што ќе се поклонат на борците за слобода на Македонија. Лазар Кучера и Драгана Каловска се дел од коњаницата. Тие за Утрински брифинг денеска рекоа дека им претставува чест што се дел од празнувањето на најголемиот македонски национален празник.

Четврта година по ред сум дел од коњичкиот марш. Ми претставува чест што здружението Илинденски марш, по четврти пат ми овозможува да бидам дел од оваа манифестација, рече Лазар. Патот е долг и тежок, но тоа не е причина да се откажат храбрите коњаници.

По патот знаат да се случат и непредвидени работи, но генерално се оди во најдобар ред. Понекогаш е тешко, но желбата и истрајноста на сите ни дава сила да стигнеме во Крушево. Реакциите на граѓаните се позитивни, не поддржуваат кога поминуваме низ нивните населени места, а тоа нас многу ни значи, додаде Кучера. Драгана е единствената девојка, во друштво на 17 мажи, но вели дека се чуствува подеднакво исто како и останатите во коњаницата.

Правилата и редот важат за сите подеднакво. Четврта година по ред сум дел од коњаницата, учествувам бидејќи ми претставува привилегија да се поклонам на честа на илинденците, луѓето кои направиле многу за Република Македонија. Организаторот на маршот, Пандил Стефковски истакна дека првиот марш се одржал во 1978 година.

Тројца коњаници од од Горно Лисиче го започнале Илинденскиот маршнво 1978 година. Во 1998 година е обновен и од тогаш до сега, традиционално од црквата Св. Петар и Павле почнува Илинденскиот марш, рече Стефковски. Тој објасни дека по патот ќе имаат и каде да преспијат.

Вечерва ноќта ќе ја поминеме во Велес, потоа во Теово, Ропотово и на 31 јули ќе преспиеме во Крушево. Таму нашата коњаница ќе се спои со коњаницата од Кичево, Маврово и Свети Николе и сите заедно ќе отидеме на Мечкин Камен да положиме цвеќе на нашите илинденци, рече Пандил, и нагласи дека интересот за маршот секоја е се поголем, но бројот на коњаници се одредува во зависност со буџетот со кој располагаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − two =