Огњан Георгиев: Бугарија има едни од најлошите патишта во Европа

You must need to login..!

Опис

Во Македонија е голем интересот за тоа како се одвива истрагата во Бугарија и какви се реакциите по несреќата. Затоа во Утрински брифинг поразговаравме со новинарот Огњан Георгиев од бугарски „Капитал“.

-И Бугарија исто како Македонија беше потресена. Ова е најтешката катастрофа во Бугарија, но и во Европа во последниве 10 години. Исклучително трагичен исход. Се случи среде реговори за формирање нова влада во Бугарија, но сето тоа се прекина и оваа трагедија доминираше во вчерашниот ден, веи Георгиев.

Претпоставки за причините на несреќата има многу и во Бугарија и во Македонија.

-Пожарот ги убил повеќето луѓе, тоа се претпоставките. Некои велат дека имало бензин во автобусот, но сигурно е дека пожарот ги одзел животите. Дали се случил пред или откако автобусот удрил во банкините не е познато. Сведоците се во многу голем шок и не може да се земе адекватна изјава од нив. Од она што е очигледно, возачот веројатно се збунил на патот, вели Георгиев.

Во Бугарија има најава дека ќе се формира Комисија за проценка на патот, кој од 3 ленти наеднаш станува 2 ленти и паркинг и се смета дека е еден од најопасните во Бугарија.

-Ние не рековме дека овој пат е најопасен. Според Евростат сите патишта во Бугарија се опасни според бројот на несреќи со смртни последици. А Бугарија е транзитна држава и има голем сообраќај и мора да се внимава безбедноста на патиштата да биде добра. Возачите мора да знаат и можат лесно да се ориентираат, а за тоа патиштата треба да се добро означени. Недостигаат ознаки и тоа е основниот проблем, патитата не одговараат на европските стандарди, коментира Георгиев за Утрински брифинг.

52

Во меѓувреме партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, ГЕРБ, бара оставки од министрите во техничката влада.

-Тоа е политичка игра. ГЕРБ знаат дека имаат вина, тие беа 10 години на власт и нивните контролни органи не си ја завршиле работата. И ова не е прва несреќа, само што нема судски разрешници, веи Георгиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − seven =