Нуредини: Ниту една градба нема да биде легализирана во првата и втората заштитена зона

You must need to login..!

Опис

-Како прво би сакал да посочам дека во 2019г. кога овој закон беше во владин процес, ние како министерство побаравме легализацијата на дивоградбите во заштитените подрачја и особено целиот регион на Охрид, да добие одобрение од министерството за животна средина пред да се легализира, што не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат. Сега тоа што ние го кажуваме е дека има три различни зони во заштитените подрачја, едната е строго заштитената зона, a втората е активен менаџмент што значи дека ниту една градба нема да биде легализирана во тие две зони. Третата е одржливата зона што значи дека има селани кои се во заштитеното подрачје, луѓето таму живеат, сега молбата од нас секогаш била, секако ако станува збор за фамилија каде примарна резиденција е тој дом а воедно станува збор за дивоградба која не го поминала процесот на градење по план, мора да се биде и полн со разбирање истотака бидејќи ова се економски и социјално предизвикани поединци од нашето општество, меѓутоа кога зборуваме за економски активности и економски градби или секундарни домови или викендици како што би кажале, овие се луксузни домови кои можеби не се изградени согласно законот. Ние не кажавме дека ќе ги легализираме и кога законот се врати во влада дискутиравме и повторно го изразивме мислењето како министерство, дека ако се овие втори, трети домови или како што би кажале викендици, ако тие добијат дозвола за легализација би требало да плаќаат многу повеќе од нормалната цена, меѓутоа оние кои се со социјални и економски потешкотии ја разбираат идеата зад владата и разбирливо е да им дадеме можност да си го легализираат домот. Тоа што јас го научив во последните речиси две години од кога сум тука е дека мнозинството на општините за жал имаат проблем со урбаното планирање, ова е нешто што мора да го погледнеме.

-Уште еднаш како што спомнав има три различни зони, има стриктно заштитена зона, што значи дека има високa вредност по разновидност што мораме да ги заштитиме или втората зона која е активен менаџмент, не постои приватна индивидуа која гради домови во тие зони. Ако таму има градба, вообичаено е викендица како што кажав или за економски потреби без дозвола за градење, тие не треба да се таму, тоа е тоа. Мораме да си ја заштитиме животната средина во исто време но секако ги немаме фигурите, ги побаравме но самите општини не можат да ни ги дадат точните фигури и јас мислам дека луѓето кои како што кажавме се со економски потешкотии или социјални потешкотии, ранливите тие најчесто ги градат домовите околу селата, не одат блиску до националните паркови, не ги градат домовите до реките, затоа ако има такви случаи тоа најчесто значи дека не се примарната резиденција.

-Слушајте ако е заштитено подрачје и е незаконска градба, што значи дека била изградена илегално и е илегална и ќе продолжи да биде илегална. Има причина зошто имаме заштитни подрачја. Се надеваме дека ќе помине законот за националниот парк Шар Планина и конечно да кажеме ова подрачје треба да биде заштитено и ние ќе мора да ги видиме сите индивидуални случаи и да дознаеме дали се примарни резиденции или секундарни или економски активности.

-Ако ние сакаме да се движиме напред како држава, ако сакаме да станеме дел од прекрасната ЕУ фамилија, сите ќе треба да почнеме да ги почитуваме правилата и законите на нашата држава и да се придржуваме до нив. Одредени луѓе, одредени индивидуи или економски активности мораат да ги почитуваат и евентуално, можеби некои ќе мораат да бидат уништени, некои градби кои се, ако се во заштитени области.

-Не можам да кажам за другите градоначалници, сигурен сум дека се обидуваат да направат тоа што е потребно, прилично сум сигурен во тоа, но ние како институција го одобривме планот за менаџирање на езерото Охрид, заедно со министерството за култура, мораме да работиме заедно со министерсво за транспорт кое го одобрува планот и кое всушност е задолжено за осигурување дека нема градби кои се градат на заштитените области. Сега ние како институција сме координатор помеѓу овие работи, ние работиме заедно, ние всушност предлагаме менаџерски планови, предлагаме закони заедно со другите институции кои се одговорни за градбите, во овој случај министерството за транспорт, ние мора да ги информираме кои подрачја се заштитени и каде не треба да има градби.

-Па ова е причината за што кажав дека сите мора да почнеме да ги почитуваме законите и да ги аплицираме, затоа имаме инспекторати, можеби градежниот, можеби инспекоратот за животна средина, можеби на маркет итн. тие мора да бидат таму да бидат осигурани дека не се градат дивоградби и ако се дивоградби треба да бидат пријавени, во исто време како што кажав ова е интерсекторска соработка, потребно е локално меко владеење да работи со централната влада. Централната влада ги предложува правилата и прописите, суштински локалната влада треба да ги слушаат и да работат на нив.

-Ќе морам да ви кажам подоцна, се уште не сум го видел.

-Како прво и јас го гледав документарецот, морам да кажам дека беше доста интересен, многу добро сработен, ова се тврдења кои ги следиме се разбира. Како прво би сакал да ја нагласам важноста на тоа ако по некоја причина индустиски отпадни масла во нашата земја тоа е противзаконски и е криминален акт, бидејќи се што ќе се увезе во државата што може да се класифицира како отпадно мора да добие дозвола од министерство за животна средина, ние како министерство никогаш немаме издадено таква дозвола, што значи ако било, ако испадне дека е индустриски отпад, тоа значи дека ова е кршење на законот и е криминален акт и јас барам кривично гонење, но во исто време ова значи дека имаме за жал имаме пропусти на контоли и проверки на границите, бидејќи се што влегува во нашата држава, низ нашите граници мора да биде проверено дали ги исполнува правилата и прописите и дали тој продукт има дозвола да биде внесен во државата.

-Би сакал да бидам појасен за гледачите да разберат, инспекторатот за животна средина не ги прави проверките на границите, инспекоратот е задолжен да ги прави овие проверки во објектите што имаат дозвола во мојата држава да управува, овие проверки мораат да бидат направени од страна на пазарниот инспекорат заедно со царина, моето разбирање е дека има мобилна лабораторија која може да биде користена за овие проверки, натаму има и приватни лаборатории каде овие проверки можат да бидат направени. Сега, зашто повторно не е заклучено, имаме дискутирано во владата веднаш, јас го посочив на премиерот и заедно со премиерот дискутиравме за овој проблем, оформивме и всушност се обврзавме за различните ситуации во државата да работиме заедно на ова и да не информираат што е можно поскоро за она што ќе го најдат. Повторно би сакал да повторам, ако таков увоз е направен од некоја компанија, тоа е илегален акт и кршење на законот, ние не треба и никогаш не смееме да дозволуваме да го ставиме јавното здравје во ризик.

-Не го кажувам тоа на никој начин, кажувам дека прво мора да го разгледаме, да видиме што се резултатите и дефинитивно мора да бидеме по енергични на границите и на контролата и да видиме што се случува таму.

-Не можам да коментирам на тоа што е направено во минатото, сигурен сум дека одлуката била донесена од соодветните институции, по сите студии сигурно одлучиле дека тоа е најдобрата одлука за понатаму и затоа било направено преку Водно, тоа што можам да го кажам за гасот е дека за нас е транзиционално решение за енергија и за намалување на воздушното загадување во државата. Според директорот на NER ние имаме стигнато до 90% од изградбата на гасоводот до Тетово и Гостивар и повеќе од 90% до Битола, што значи дека наскоро ќе започнеме со секундарната и терциарната мрежа, ќе има тендер за ова за кој мислам дека директорот ми кажа дека ќе биде оваа година и дека ќе биде завршен во текот на годината и тогаш ќе можеме да започнеме со греење на домовите и нашата индустија ќе може да започне со користење на гас наместо други начини за греење што се многу по штетни за животната средина. Интерконекторот со Грција е од огромна важност за нас, бинатуралниот договор е предаден на Брисел, од грчката страна и од нашата страна е се завршено, сега се чека зеленото светло од Брисел, за да се потпише договорот, тоа би требало да се случи наскоро со премиерот и министерот на економија и нивните колеги во Грција, затоа очекувам Грција да го одобри ова наскоро. Сега ние сме мала држава, ние сме во срцето, меѓу различни држави . Ова ни ја дава можноста не само да ги смениме нашите потреби за енергија и енергетски навики, во исто време бидејќи имаме граници од сите страни, ќе станеме прогресивна држава што значи дека ќе градиме интерконектори со Албанија, Косово и Србија и евентуално Бугарија зашто веќе имаме конекција таму. Идеата прво не е само инвестицијата од нашата држава, туку и ќе ни врати назад, бидејќи овие држави ќе добијат гас од нашите цевки.

-Мора,ова се правилата ако сакаме да се исполни поглавјето 27, ќе мора да ги почитуваме правилата за животната средина.

-Како прво би сакал да ве информирам дека веќе имаме предложено Водно да биде заштитена област од категорија 5 и истотака предлогот беше да се престане со секакво градење на Водно кое паѓа под зоните и да бидеме сигурни дека имаме менаџерски план за Водно, повторно како што кажав илегалното е илегално и за да нема понатамошна урбанизација на Водно, во исто време Водно е многу важно за заштитата на Скопје од ерозија, истотака ја одбележивме потребата на општините да имаат планови за ерозија, што е во согласност со законот за вода, сега идеата е да го заштитиме Водно, идеата е да се прифати предлогот и со поставување на категорија 5. Ние конечно ќе имаме тело кое ке го менаџира овој дел од градот и општините секако, кој ке го менаџира секој понатамошен развој на Водно, ќе има тело кое ќе одлучи дали е дозволено или не понатаму да се урбанизира како што кажавте, белите дробови на Скопје, многу од нашиот кислород доаѓа од таму, така да ова се белите дробови на Скопје, затоа мора да го заштитиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − ten =