НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија

You must need to login..!

Опис

Независната угостителска комора (НУК) иницира издавање на глобално крипто-средство како нова можност за прибирање финансиски средства и промоција на македонскиот и регионалниот туристичко-угостителски сектор.

Од НУК велат дека се сведоци дека владите во балканскиот регион во текот на пандемијата веќе немаат намера да издвојуваат финансиски средства за надоместување на штетите и загубите на угостителите поради мерките и ограничувањата во работењето.

-Новото време нуди нови можности и треба да се прилагодуваме. Ако анализираме изминатиот период и векови секогаш имало некоја револуција, било технолошка или идеолошка, која што сама по себе носела многу промени кои што на почетокот не биле прифатени, но со тек на време се покажале за општеството значат добри промени во унапредување на стандардите и животот, изјави во Утрински брифинг Здравко Јосифовски од Независната Угостителска Комора (НУК).

-Она што ние во моментов го согледуваме е проблемот со кој што угостителската индустрија се соочува поради пандемијата.

-Фактот е дека ниту владите ниту останатите финансиски институции немаат намера за некаква инвестиција и поддршка на оваа индустрија, што на некој начин угостителите се оставени сами на себе да изнаоѓаат начин како да преживеаат, вели Јосифовски.

-Како Комора иамавме за задача да ги побараме сите алтернативни начини, притоа не нарушувајќи ги законските регултиви.

-Сведоци сме дека изминатата година имавме енормен бум на крипто-индустријата, не само на глобално, туку и на локално ниво.

-Во крипто инвестира тој што има пари. Целата суштина е ако заработите целта на парите е некаде да се потрошат.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × three =