Нова партија која ќе се бори за правда, економски и граѓански слободи, разговор со лидерот на ДПС, Един Јакуповиќ

You must need to login..!

Опис

Формирана е нова партија во Македонија, Движење за демократија, права и слобода – ДПС. На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот борец за човекови права и граѓански активист Един Јакуповиќ.

-Ова движење опстојува и функционира повеќе од неколку години, иако сакавме д аостанем во сенка и далеку од очите на јвноста, бидејќи сметавме дека е дојдено време каде што треба да се остави простор после едно одредно владеење на еден систем. Ова е иницијатива, која не поттикна од мене, туку на моите пријатели, поддржувачи. Работевме повеќе од два-три месеци заедно со граѓаните, го меревме нивниот пулс, нивните потреби и на нивна иницијатива ја прифативме можноста да формираме политичка партија односно Движење за демократија, права и слобода, изјави во Утрински брифинг Јакуповиќ.

Партијата ја формиравме да се бориме правата на демократија и слободата на граѓаните да продолжат да растат. Формираме една политичка партија која ќе води позитивна политичка кампања. Сакаме да се натпреваруваме со идеји, со проекти, сакаме да комуницираме со сите невладини организации, да поттикнеме разговор помеѓу сите синдикати, односно да бидеме алката која недостасува во ова сивило, бидејќи она што најмногу не разочарува е недостатокот на комуникација и дијалог помеѓу политичките партии, а жално е што се губи комуникацијата помеѓу граѓаните, вели Јакуповиќ.

Колку и да се трудите да ја развивате демократијата, вие не можете да дадете права, тие следуваат на граѓаните. Значи никој никого не треба да дава. Немаме намера да рупиме никого, ниту да браниме некого. Рано е, иамме само еден состанок на ЦО, се уште немаме партиски раковдни тела, но ме радува фактот што се приклучуваат луѓе кои птретходно немаат никаков политички багаж. И кога сум бил дел од „Шарената револуција“, таму сум бил затоа што така сум мислел и дејствувал, но никогаш во својство на нечив поддржувач. Чиста ми е мене совеста, а и на сите пријатели кои се дел од Движењето за демократија, права и слобода. Она што сакаме да го исфорсираме на политичката сцена е дека повеќе ќе се занимаваме со градење на соци-економските проблеми на граѓаните, секојдневно ќе се овбидеме да бидеме во контакт со сите невладини, со ранливите категории, со синдикалните здруженија – сакаме да бидеме таа алка која недостасува за луѓето да можат да се потпрат на нас и да знаат дека тоа што го правиме и што го нудиме го нудиме со чиста совест и разум, изјави Јакуповиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + fifteen =