Нова книга од Људмил Спасов: Ова е документ за развојот на македонската научна мисла за јазикот и културата

You must need to login..!

Опис

„Ј·А·С – Години плодни“ на професорот Људмил Спасов е книга што ја сумира неговата животна и професионална биографија. Издавач е „Антолог“, а книгата излегува во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

„Книгата ја содржи мојата библиографија, но и раскажувања за моите почетоци, животот и учењето и мојата научна дејност, така што мислам дека оваа книга не е важна само за мене, туку е значајна како документ на едно време во кое се развивала македонската национална мисла, науката за јазикот и литературата и културата. Вакви изданија треба да има повеќе затоа што остануваат како документ, а и сега е тренд во европсите средини да се пишуваат вакви книги бидејќи тие навистина остануваат засекогаш и го покажуваат развојот на една култура. И оваа книга нека биде поттик за создавање на други вакви изданија. Оваа книга, целата е поврзана со Блаже Конески бидејќи практично јас ги наследив, по негово барање, предметите од областа на историјата на македонскиот јазик кои ги предавав се’ до моето пензионирање“, вели за Утрински брифинг, професорот Људмил Спасов. Минатата недела,

Спасов го посетил училиштето во Пустец, каде и основното и средното образование се одржува на македонски јазик и тоа е едниствено место каде редовно се изучува македонскиот јазик надвор од границите на државата.

„Тоа треба да се негува. Следниот логичен чекор би бил да се отвори лекторат за македонски јазик не само слависти, туку и за сите заинтересирани од целиот регион кој се нарекува Москополе, значи да се отвори лекторат на Универзитетот во Корча, особено затоа што сега сме сведоци на еден неверојатен притисок на нашите источни соседи кои сакаат да докажат дека тоа население е бугарско, дека тие се Бугари, па делат пасоши, компјутери, органзираат семинари, ги ност децата на летување итн. Сепак, обновоеното училиште во Пустец докажува дека ние како Македонци имаме свое средиште таму благодарение на љубезноста на албанската држава“, додава Спасов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + 16 =