Николов: Дишеме како едно семејство, оваа репрезентација уште не го кажала последниот збор

You must need to login..!

Опис

Одбојкарите на Македонија повторно се надминаа себеси и кога беше најпотребно не се уплашија од фаворизираната Турција и вторпат во својата историја ќе играат на еден континенталнен собир кој ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска

Токму еден од хероите на нашата репрезентација, Ристо Николов, беше гостин во Утрински брифинг.

Тимскиот дух победи. Од деца сме заедно, во сите тешки моменти знаевме да се бодриме, практично се ни беше во заедништвото. Турција е многу посилен тим, првиот пораз ни дојде многу тешко, но бевме убедени во триумфот и им вративме, вели Николов.

Дишеме како едно семејство и поенот на било кој колега го доживуваме како свој, додаде Николов.

Најбитните празници во годината ги поминавме во хотелските соби без своите најблиски. 31 ден релацијата беше хотел – сала, но знаевме дека влогот е многу голем, се со една цел да бидеме комплетни и на крајот тоа вроди со успех, вели Николов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + twelve =