🎥 Николовски: Угостителските и туристичките работници да не бидат оставени на милост и немилост – бараме поголема помош во ек на корона вирусот

You must need to login..!

Опис

Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС инспириран од состојбата на вработените во дејностите на угостителството и туризмот, во време на пандемијата со корона вирусот и иницијатвата на вработените во овој сектор водена од економско – социјалната состојба во која се наоѓаат, одлучи да го реактивира своето работење со цел да ги заштити правата на вработените во овие сектори, рече во Утрински брифинг, потпретседателот на синдикатот, Влатко Николовски.

Николовски истакна дека бараат да им се подаде рака и со сите чинители да седнат на заедничка маса, со цел да изнајдат решение за да можат и тие да преживеат во ова тешко време за целата држава.

-Моравме да го кренеме гласот. Бевме оставени на милост и немилост. Ние сме најзагрозени и малтене оставени сме на улица. Вчерашната прес-конференција беше прво официјални излегување во јавноста. Целта ни беше да го претставиме старо-новиот синдикат, дел од нашата програма и со ваша помош(медиумите) бараме некој јавно да ни се обрати и да не побара.

Тој во Утрински брифинг истакна дека и голем дел од вработените и во двете дејности се пријавени само на четири работни часови, па бараат да бидат пријавени на цело работно време. Побара и бенифициран стаж за сите вработени во угостителството и туризмот.

-Кога ќе се рестартираа угостителските објекти бараме ова веднаш да започне.

Јавна тајна е дека долго време се соочуваме со голем процент на сива економија, и тоа не натера да побараме од Владата да преземе мерки за да се намали сивата економија која според нив изнесува околу 40 %“, рече Николовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 19 =