Николовски: Со ваквиот развој на настаните Европа уште еднаш ќе докаже дека е некадарна да си ги решава проблемите во својот двор се додека не дојдат Американците

You must need to login..!

Опис

Убеден сум дека македонската дипломатија добро си ја вршеше работата. Бевме ставени во ситуација да сите искривени неточни и точни информации, сите навреди што ги добивавме да бидат од бугарска страна. Нашите во тој дел ја завшрија работата. Но она што мене ме зачуди зошто до крај останаа да преговараат. Ако тој процес за два дена заврши редно е да знаме каде заглавија преговорите. Европјаните велат не е прашање дали, туку кога. Затоа треба да знаеме во која точка не се разбрале, изјави во Утрински брифинг новинарот Љубиша Николовски.

Национализмот на Балканот се враќа, но се плашам дека тоа може да се прелее кај нас. Разочарувањето доаѓа и во Србија и на Балканот завладува депоресија. Затоа и Рот вели дека се дестабилизира целиот Балкан. Мислам дека тезата дека после изборите ќе биде друга ситуацијата во Бугарија не држи, бидејќи тие со оваа националистичка термијнологија ако добијат гласови обврските спрема гласачите ќе бидат поголеми. Затоа и сум песимист дека Бугарија би ги променила позициите, ако знаеме дека стотици години бугарите играат и создаваат мнение во Бугарија дека ние сме еден народ. Затоа мислам дека ќе им беше попаметно да ја пуштат Македонија сега, бидејќи во текот на целиот процес тие не им ставија ни на европските партнери до знаење дека ќе истрчаат со формално вето. Оттука и мојот песимизам што понатаму, вели Николовски.

Европа ќе мора да бара начини да ги притисне државите како Бугарија. Но сега ги слушаме и реакциите на Америка која можеби се држеше на страна до сега. На нив стратешки битно им е на овој регион да биде стабилен. Со ваквов развој на настаните, Европа уште еднаш ќе докаже пред Америка дека е некадарна да си ги решава проблемите во својот двор додека не дојдат Американците. Таа политика мора да се промени. Затоа и Германија најмногу се залагаше за тоа, но рацете се врзани со консензусот, смета Николовски.

Целиот разговор со Љубиша Николовски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 4 =