Николовски: Сафет Бишевац летото беше во мојот кабинет и бараше да биде на пратеничката листа на СДСМ

You must need to login..!

Опис

За прв пат СДСМ воведе многу повисоки стандарди во политичкото однесување, развојот на кадри, селекцијата и отвореноста на партијата.

Воведовме сосема нова методологија, каде што вклучивме меѓународни организации кои се поддржувачи на партијата, вклучивме многу странски експерти, експерти за човечки ресурси, психолози, социолози.

Сите заедно креиравме предлог ранг листа која е предложена до самото раководство, до самиот конгрес. Така што на основа на 2.000 кандидатури, околу 900 имаа целосна документација. Имаме најквалитетна понуда на пратеници.

Од друга страна имаме послушници на Груевски кои ја влечат државата назад.

Можам да кажам дека ние поминавме низ постапка каде што јасно и прецизно по методологија ги оценувавме сите апликации и кандидати.

Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда, изјави генеералниот секретар на СДСМ Николовски, околу т.н „шалтање“ на луѓе на противнички пратенички листи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 4 =