Николовски: Победуваме, имаме најмоќна коалиција, од друга страна е старотото, зачмаено ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

Коалицијата предводена од СДСМ во која што за прв пат вклучуваме и политички партии кои претежно се ориентираат на гласачкото тело на Албанците во државата, е најголема и најразнолика коалиција до сега. Ние сме отворени за сите. Неспорно е дека оваа коалција ќе го добие мандатот за состав на новата влада.

Храбри и историски одлуки донесовме. Водиме на сите анкети и предноста ќе се зголемува. Убедени сме дека е заокружена најмоќната коалција.

Повторувам дека сме отворени за соработка со сите после изборите, освен со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се трудат да ја влечат државата назад, сакаат да го обноват криминалот, обноват режимот, беа по листите во Будимпешта, го видовме кадровскиот потенцијал на послушници на Груевски, со луѓе кои на 27 април влегуваа во СОбранието. Буквално старотото, зачмаено ВМРО-ДПМНЕ, изјави во Утрински брифинг Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 3 =