Николовски: Отворен Балкан го отвори и увозот на пченица и масло од Србија – граѓаните не треба да се грижат

You must need to login..!

Опис

Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се врати од Белград каде се разговараше за увоз на кусокот пченица со која се соочуваме.

-Затоа се неопходни субвенциите во земјоделството, за да можат земјоделците да опстанат. Што се однесува до увозот на пченица, Отворен Балкан ни помага да постигнеме договор со Србија да се тргне нивната забрана за извоз на пченица што ни овозможува да увезуваме оттаму, вели министерот Николовски за Утрински брифинг.

Тој додава дека будно се следи ситуцијата и потребите на стопанските комори, а сега недостасуваат 50 илјади тони. Николовски додава дека се разговарало и за обезбедување ѓубриво за земјоделството.

-Нашиот целосен фокус е да обезбедиме храна за нашите граѓани и за тоа се вклучени сите алатки. Се договараат и други извори и пазари. Важно е да се знае дека има и пченица и масло, а домашното производство на пченица е зголемено со помош на владините субвенции, вели Николовски.

И увозот на рафинирано и нерафинирано масло беше тема на разговор во Белград и таа забрана за извоз ќе биде укината во Србија, рече Николовски.

-Ние сме имале и 200 илјади хектари со маслодајни култури, но низа фактори во изминативе 30 години влијаеле да се намалат површините. Тоа важи и за другите култури. Тој тренд сега се менува, нашиот фокус сега се стратешките култури и имаме план за среден и долг рок. На долг рок да го намалиме увозот, а на среден рок да се зголемат земјоделските површини и пприносот, вели Николовски.

Николовски додава дека домашното производството се поддржува и со системи за водоснабдување. Земјоделството е значаен сектор во ЕУ и мора секоја педа земја да се искористи, а ако нема субвенции земјоделството ќе пропадне, вели Николовски за Утрински брифинг.

-Новиот модел на субвенционирање е авансен со 30 отсто исплата однапред. И земјоделското земјиште да се стави во функција и да се вршат строги контроли, а истовремено да се работи на рурален развој се клучни стратегии на владата со помош на ИПАРД 3 фондовите кои се за модернизација, опремување и дигитализација во земјоделството. Филозофијата на европските субвенции е да се зголемат земјоделските површини, вели Николовски.

Клучен фактор е и укрупнување на земјоделските површини и таа консолидација сега се одвива на 14 подрачја во државата. Николовски вели дека на тој начин се зголемуваат и приходите на земјоделците.

-Сега гледаме колку е битно обзбедувањето на храна. Но, граѓаните не треба да се грижат. Имаме и план за интервентни мерки за земјоделството, а поентата е во новата реколта да се добие поголем принос на жито. Реагираме со целосен пакет на мерки за поддршка и на граѓаните и стопанството со цел да се олесни тешката економска состојба за сите, вели Николовски.

Николовски вели дека 12 илјади хектари се слободни и достапни за младите и жените со помош на мерките за рурален развој да се вклучат во земјоделството. Оваа земја има природни ресурси кои треба да се стават во функција.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × five =