Николовски: Не се прекршени протоколите, пратеници имаат должност и обврска да му служат на народот

You must need to login..!

Опис

-Пратениците се народни избраници и се должни и обврзани целокупната своја работа да ја насочат кон потребите на граѓаните. И токму затоа пратениците се тие кои со нивната пратеничка легитимација можат слободно да се движат на територијата на Република Северна Македонија и за време на кризна состојба. Токму затоа почитувајќи ги сите безбедносни протоколи кои се пропишани уште во месец јули, не се нарушени безбедносните протоколи.

Претседателот Џафери одлучи, со почитување на сите безбедносни протоколи, со изолација, да ги покани овие двајца пратеници кои имаат должност и обврска, кои се платени од овој народ да работат за народот, да ги изгласаат овие закони. Мене не ми е јасно, за 32. седница три дена ВМРО – ДПМНЕ дискутираше за стратегијата за антикорупциска комисија, три дена ја почнуваа својата дискусита со зборовите ние ја поддржуваме и ќе ја поддржиме оваа стратегија, се заврши дискусијата и кога требаше да се почне со гласање на 32. седница тие излегоа од салата, за мене тоа е несфатливо, вели за УБ Илија Николовски претседател на партијата на пензионерите, коалиционен партнер на СДСМ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =