Николовски: Правен тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа донесувањето на Законот за ЈО

You must need to login..!

Опис

Како ново раководство на ВМРО- ДПМНЕ сакаме да наметнеме еден друг стил на однесување, мислам дека доста и е на Македонија од целата таа напнатост. Емитувањето на првите прислушкувани разговори беше во Февруари 2015, сега е Февруари 2020 – политичката криза трае 5 години, така што е неодржливо за било кого да продолжи оваа политичка криза. Мислам дека и ние и СДСМ ги „збудалевме луѓето“.

На Македонија и е потребна стабилност и мир. Како и да завршат изборите треба да заврши кризата и да имаме еден дух на соработка во годините кои што доаѓаат, изјави за Утрински брифинг Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледа сите можности. Долго време бев пратеник и како пратеник ваква работа се нема случено. Закон да не биде изгласан, а претседателот да каже ова не важи затоа што не ни одоговара.

Секако Уставниот суд е една институција која мора да се изјасни по оваа работа, како одговор на прашањето кои се правните инструменти што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бара околу проценката на постапката на гласање во Собранието околу Законот за ЈО.
Било кој фунционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите – резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината на законот, секако дека ќе се цени доколку се отворат преговорите. Она што ме загрижува, мислам дека ќе има поларизација на нашите поддржувачи.

Од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од ЕНП. Тие пораки биле злоупотребувани во минатотото, не гледам дека ќе биде и сега поинаку. Многу имаме за менување по изборите, вели Николовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 13 =