Николовски: Македонија е во ќорсокак – како партија нема да дозволиме национално предавство

You must need to login..!

Опис

-Водиме интензивни подготовки. Го испитуваме јавното мислење, се уште немаме одлуки за главниот град и останатите општини. Во текот на летото ќе можеме веќе посериозно да зборуваме за одредени имиња во одредени општини, изјави во Утрински брифинг потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

-Во моментов трање процесот, не можам конкретно да говорам за ниту еден преглод. Би било несериоозно од мене за било која општина да кажам без да се помине партиската процедура, вели Николовски.

Говорејќи за спорот со Бугарија, Николовски вели дека суштинско прашање е како воопшто Македонија стигна во оваа ситуација.

-Кога беше потпишуван Договорот со Бугарија, на македонската јавност и беше кажувано дека сите прашања со соседите се затворени. Гледаме дека не е затворени, така што Македонија е сега во еден ќорсокак, додава Николовски.

-Второто прашање е што е тоа што е зборувано и ветувано во Софија, а ние не го знаеме како јавност. Треба да видиме што се тие предлози и на ккаов начин се создавани. Ние како партија нема да дозволиме национално предавство на штета на македонскиот народ, јазик и идентитет, вели Николовски.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + fifteen =