Николовски за можното одложување на изборите: Ќе се држиме до препораките

You must need to login..!

Опис

Утре во 13 часот е закажана лидерска средба во Владата. Таму веројатно ќе се разговара за сите прашања поврзани со предизвикот што го имаме во овој момент. Ние ги димензионираме сите активности.

Сите партиски активности продолжуваат по партискиот конгрес и ќе ги следиме сите препораки и насоки кои најрелевантните институции кои се грижат за јавното здравје ги носат, така што во овој момент не можам да кажам повеќе. Ги одложивме сите партиски активности, јавни средби, собири кои што беа претходно закажани. Ќе ги адаптираме активностите за на алтернативен начин да го задржиме контактот со граѓаните.

Но пред се ќе се држиме до препораките и 19 мерки донесени од Владата, изјави во Утрински брифинг генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, околу можноста предвремените избори да бидат одложени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 4 =