Николовски: Влијанието на Русија во Бугарија е огромно, почнувајќи од русификацијата на нивниот јазик

You must need to login..!

Опис

Оваа криза во Украина се заканува да стане континентална па и глобална. Оттука, нѐ засега и нас.

-Ова е најлошата рабта што може да се случи. Ако некој ми кажеше пред неколку години дека ова може да се случи, војна во 21век, ќе сметав дека е некој теоретичар на заговори, вели за Утрински брифинг Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека оваа војна е шок за цела Европа, а и не е извесно колку рускиот народ ги поддржува овие власти кои и не се демократски избрани.

-Не е вообичаено да се разбудите и да слушнете дека започнала војна. Освен тоа, на социјалните мрежи има силна пропаганда, осовено на Тик Ток која е кинеска платформа, а во првиот ден немаше ни реакција од европските лидери. Но, добро е што клучните политички сили во државата имаат заеднички став и така ќе остане оти никој не може да поддржи војна, вели Николовски коментирајќи ја збунетоста на македонските граѓани од оваа ситуација.

Ова веројатно е првпат во Македонија да има консензус на големите политички партии.

-Денеска во Собранието е поднесена декларација за осуда на војната во Украина. Мислам дека треба да се отвори дебата и за нашите, македонски работи како што е декларацијата за Гоце Делчев што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Ние се соочуваме со еден мек напад на агресивната бугарска политика која удира во темелите на македонскиот народ. Можеби ова што се случува во Украина треба да е поттик за решавање на нашите односи со Бугарија, вели Николовски.

Ставовите на Бугарија кон Македонија се слични на ставовите на Русија кон Украина.

-Треба да сме апсолутно свесни колкаво е влијанието на Русија во Бугарија, почнувајќи од последната кодификација на јазикот која е русификација и е направена по кодификацијата на македонскиот јазик. Треба да бидеме пообединети во односите кон Бугарија. Ако Бугарија бара гаранции, мора да бараме и ние гаранции, пред сѐ од бугарска страна, и за македонскиот јазик и за македонскиот народ. Да не го потценуваме судирот во Украина. Не е само целта да се заземат само делови од Украина туку тенденцијата е проширување. Процесот на евроинтеграции е најзлоупотребуван процес во Македонија кој или се користи за предизвикување предвремени избори или спречување предвремени избори, вели Николовски.

Новиот пристап на новата бугарска влада отвора простор за напредок на преговорите до мај.

-Бугарија нема позитивно минато на исполнување договори кон Македонија. Три договори се потпишани и ниеден не е испочитуван. Затоа, мора многу внимателно да се влегува во процес на договори и да се бараат гаранции. До денес како партија немаме никаква релевантна информација за тоа што се случува на институционално ниво, па одиме само на претпоставки, а имајќи го ппредвид минатото нормлно е да сме сомничави. Таму мнозинството од политичката елита не гледа благонаклоно кон македонскиот народ, вели Николовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × one =