Николовска: Резервите кон мене дополнително ме мотивираа

You must need to login..!

Опис

Мојата околина не беше изненадена од мојата одлука да бидам член на Армијата. Потекнувам од воено семејство. Со голема поддршка токму од моето семејство се вклучив во армијата.

Во секој случај кога јас пројавив желба да се прклучам кон армијата се уште немаше на Воената академија прием на жени, питомки.

Затоа бев приморана да се запишам на друг, цивилен факултет.

Го одбрав институтот за одбрамбени и мировни студии. Таму ги завршив студиите и веднаш после нивното завршување се пријавив на курсот за служби и родот пешадија во армијата и обука на офицери, изјави во Утрински брифинг Потполковник Билјана Николовска.

Во нашата Армија работиме на интегрирање на родовата перспектива. Прашањето околу именување на потполковник во потполковничка во иднина ќе биде применето, нешто што е веќе присутно во другите армии, изјави за Утрински брифинг потполковник Билјана Николовска.

И денеска постојат две опции за да се приклучиш во армијата – да завршите воена академија каде што ќе бидете припадник на родот, но сепак армијата нуди можност за приклучување и со други факултети.

Тоа се луѓе, офицери кои подоцна ќе работат во службите на армијата.

На почетокот на кариерата за да се докажеш дека можеш да ги извршиш задачите со ист квалитет требаше да вложам повеќе труд во однос на останатите колеги. Но задоволството не го гледав само во успехот, туку затоа што добивав повеќе респект од колегите. За секој успешен старешина потребно е да изгради авторитет, а тој се гради со професионалност, кој што вклучува знаење, упорност, истрајност и посветеност во работата, вели потполковник Николовска.

Вистина е дека жените треба повеќе да се докажуваат но потоа ја добиваат почитта од колегите.

И оние резерви кои ги имаше кон мене само дополнително ме мотивираа и ја зацврстија мојата решителност да се докажам во работата.

Морам да кажам дека за прв пат денеска во Генералштабот е воведена фунцијата која што јас ја извршувам – Офицер за родова еднаквост во Кабинетот на началникот на Генералштабот. И морам да напоменам дека воопшто не заостануваме зад другите Армии, вели Николовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =