Николова: Годинава шумските пожари оставија пустош на над 500.000 метри кубни шумски фонд

You must need to login..!

Опис

Белодробието на Македонија, шумскиот Фонд, доби сериозен удар годинава. Шумските пожари оставија пустош на над 10 илјади хектари шуми.

Дополнителен проблем предизвикува пустошењето од страна на дивата сеча стимулирана од големиот интерес на граѓаните за традиционално загревање на домовите во зимскиот периот и секако профитот.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека околу 50 отсто од домаќинствата во земјава се греат со огревно дрво, а со оглед дека оваа грејна сезона не затекна и енергетска криза се претпоставува дека бројот на домаќинства кои ќе прибегнат кон овој начин на греење ќе се зголемува, диктирано од високата цена на струјата.

Со каков шумски Фонд располага Македонија, и какви стратегии се планираат за негово обновување во Утрински брифинг разговаравме со Директорот на ЈП Национални шуми, Јулијана Николова.

-Сите знаеме дека оваа година беа посебно истакнати шумските пожари, затоа што, и самите сме сведоци, посебно во малешевскиот дел изгоре голем шумски фонд, некаде околу 500.000 метри кубни шумски фонд, што е навистина огромна штета.

-Ние како ЈП стопанисуваме со 90% од шумскиот фонд во Северна Македонија, така што што нашата основна цел не е само стопанисување, туку и нега и заштита на шумите, и ние на тоа посветуваме сериозно внимание.

-Затоа, во периодот кој што следи, следуваат мерки за да ја санираме штетата, да ја вратиме изгубената дрвна маса и да ги вратиме сите оние еко-системски услуги што ни ги нуди шумата.

-Секоја година изработуваме годишни оперативни планови, со кои што предвидуваме човечки и технички ресурси со кои што ние би се справиле со евентуалните пожари. Така што нашите луѓе, шумочуварите, кои што го забележуваат пожарот, веднаш јавуваат до нашите подружници и тие се први коишто излегуваат на терен и пристапуваат кон гасење на пожарите.

-Годинава имаше можеби и над 200 пожари кои не дојдоа до јавноста, затоа што нашите вработени успешно се справија со пожарот. Доколку тие проценат дека тие не можат да се справат со пожарот веднаш ги изветуваат останатите служби. По завршувањето на пожарите, наши екипи излегуваат на терен и вршат проценка на сето она што е настанато како штета. Тие ја утврдуваат штетата, потоа излегува инспекторатот, се прават записници кои не обврзуваат да направиме анекси за нашите планови. Тие записници нас и законски не обврзуваат во рок од две години да направиме санација на теренот – што значи чистење на теренот, садење, природна обнова, односно мерки кои што ќе придонесат за обнова на шумскиот фонд кој е изгубен..

-Оваа година штетата е многу голема.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 + six =