Никола Наумовски: Зголемен е буџетот за култура на градските институции, не и за независната култура

You must need to login..!

Опис

По објавувањето на резултатите од конкурсот за проекти од областа на културата на Град Скопје, на кој се поддржани 237 независни проекти со околу 259 илјади евра, Никола Наумовски, шеф на кабинетот на градоначалникот, за УБ рече дека оваа година се зголемени средствата за култура на институциите под надлежност на градот, а сумата за независните проекти е иста како и минатата година.

„Ако ги гледате и споредите резултатите на оваа градска администрација со претходната ќе видите дека се финансираат вистински уметнички проекти. Порано се финансирале процесии, националистички или верски настани. Тие не само што немаат никаква уметничка вредност, туку не ја интегрираат публиката како примател на тие пораки. Имаме направено исчекор да финансираме култура којашто е автентична, локална и од друга страна си ги исполнуваме обврските“, рече Наумовски.

Тој најави и реформи во начинот на финансирање на културата. Сето ова ќе започме откако Скопје и официјано ќе се кандидира за европска престолнина на културата во 2028 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =