Д-р Митов со последен пресек на состојбата со корона вирусот кај нас

You must need to login..!

Опис

Тоа што може да го забележиме во светот е дека има два тренда. Трендот во Азија каде што приметуваме дека успеваат да стават под контрола.

Тоа е многу охрабрувачки.

Особено во Кина што се случува – за прв пат после 20 јануари има помал број на дневно регистрирани случаи. Исто и информациите кои доаѓаат од Јужна Кореја охрабруваат дека земјите кога добро ќе се организираат, оваа зараза се става под контрола.

Првата терорија е дека овој вирус тешко ја поднесува топлината, тоа е и голема надеж и за нас, додека втората можност и хипотеза е дека ригорозното мерење всушност ги вади случаите на површина.

За тоа најдобар случај е токму Јужна Кореја, која што имаше огромен број на откриени.

Има и видеа кои го документираат тоа. Проаѓаат автомобили, ги застанува контрола, се формира редица и од човек на човек здравствените контролори земаат брис, запишуваат податоци. Тоа во Јужна Кореја е донесено на едно многу високо ниво. Се поставува прашањето дали заради тоа се намалува бројот или заради топло/ладно време, изјави во Утрински брифинг д-р Александат Митов.

Ги видов мерките кои што ги донесе владата. И тоа се тие кои што треба да се донесат. Најважното е нивното спроведување. Ако одиме по прописи, сите мерки точно укажуваат на моментите на потенцијалите ризици.

За да се следи ова до крај и да се реализира јас силно би препорачал да се формира дополително тело чија што работа ќе биде само следење на препораките. Еве на пример ако ја земеме мерката health locator за авио-компаниите.

Некој треба редовно на надлежните да им „стои на глава“. Некој треба пред себе да има excel, со име на компании и конкретно да ги прашува „до кај сте“. И сето ова што е вака убаво направено треба да се квантифицира. Значи сега треба да се влезе со фините детали на нивната имплементација, што е потешката страна но тоа го дава плодот, изјави Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + eight =