Академик Фити: Поголема финансиска помош, државно задолжување и странски кредитни линии, храбри одлуки на домашните банки

You must need to login..!

Опис

Каде оди светот со економските ресурси во совладувањето на пандемијата и евентуалната рецесија. Првата аналогија е дека после пандемијата САРС, светот во 2008 влезе со значајни ипмути во рецесијата непредвидени и предизвикани од банкарскиот банкрот.

Владата излезе со определен пакет на мерки и како што беше соопштено тие мерки вио од ќе се надополнуваат. Очекувањата се јасни – пикот ќе уследи подоцна во Македонија – најверојатно еден месец од сега. Така што ќе следуваат и други мерки кои ќе се носат во тек. Сега Владата има правна основа, прогласена е вонредна ситуација која може да носи уредби со сила на закон, вклучувајќи ги уредбите за пренамена на буџетските средства.

Буџетот е релативно голем и сега е основно да се обезбедат доволно ресурси во здравствениот систем, бидејќи здравјето и животот на луѓето се прв и основен приоритет. Во раките на економијата треба да се направи една детална анализа на сите буџетски позиции. Се она што може да се скрати и се она што може да почека како буџетска програма треба да се направи.
Треба да се скратат непродутктивните владини потрошувачки – коли, мебел, репрезентација, патување, изјави за Утрински брифинг академикот Таки Фити околу мерките на Владата и воопшто финансиката ситуација на локално и глобално ниво предизвикана од Корона вирусот.

Сега е време да работиме на спасување на постојните работни места, а да почекаат оние за отворање на нови работни места. Имате буџетски позииции во кои не смее да се чепка. Земете ги социјалните трансфери кои што се огромни. Таму не само што не треба да се крати, туку и да се зголеми, бидејќи освен на стопанството, буџетот/Владата ќе треба да помогне и на граѓаните.
Ова што е направено за микро, малите и средните претпријатија е прв чекор. Не се е тоа големи пари, но за премостување, во почетокот се сосема доволни. Може Македонската банка за обнова и развој да побара и нови средства.

Треба и брзо враќање на ДДВ-то за да се задржи ликвидноста во економијата.

Сметам дека фискалниот простор е релативно изгубен во Македонија, со двојното зголемување на јавниот долг во периодот од 2008-2016.

Но сега е вонредна ситуација, според тоа државата може и треба да се задолжува и да порасне јавниот долг, а кога ќе се стабилизира економијата да се сервисираат и создадат подобри услов. Да избегнеме задолжување по комерцијални услови – како што е мобилизација на евро-обврзницата, изјави академик Фити.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 1 =