Несрин Таир: Потребни се 115 милиони денари за Турскиот театар, во спротивно, зградата ќе пропадне

You must need to login..!

Опис

„Прво за што се заинтересирав кога ме назначија за в.д. директор беше да се вратат долговите и се заинтересирав околу состојбата со зградата на Турски театар“, рече за Утрински брифинг, Несрин Таир, актерка и в.д. директорка на театарот. Изградбата била прекината откако се утврдило дека се потрошени повеќе пари отколку планираното и биле направени повеќе анекс договори. Новиот објект на Турски театар шест години е карабина, Театарот се наоѓа во близина на Железничката станица во Скопје, почна да се гради во 2014 година. Театарот треба да има осум нивоа. Планирани се две сцени, малата со капацитет од 150 седишта, и голема со 300 седишта. Во рамки на театарот треба да има и галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала. Автор на идејното решение е архитектот Виктор Михајлов. „Потребни се околу 115 милиони денари за фасада и за покрив на зградата, во спротивно тој објект што е досега изграден ќе пропадне“, рече Таир. Во годината кога Турскиот театар одбележува 70 годишнина од постоењето, Министерството за култура одобрило средства за четири премиери, кои ќе ги режираат Владимир Милчин, Бесфорт Идризи, Драгана Милошевска и Синиша Евтимов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 18 =