Несериозно е информирањето да им го отстапиме на социјалните мрежи и непроверени портали на сметка на весниците

You must need to login..!

Опис

-Асоцијацијата на печатени медиуми се формираше по иницијатива на ЗНМ. Тогаш ни беше обезбедена техничка поддршка за регистрација на Асоцијатијата. Броиме 19 печатени медиуми, од кои неколку се дневни, неделни и регионални. Бројот на вработени стотина новинари, изјави во Утрински брифинг новинарот и еден од сопствениците на „Коха“, како и претседател на Асоцијацијата на печатени медиуми на Македонија, Лирим Дулови.

-Асоцијацијата имаше успех минативе четири години заради фактот што ние одевме постепено да ги информираме сите чинители, директно или индиректоно, со нашата професија, било тоа дали се НВО коишто имаат допирни точки со новинарството, Стопанските комори, политичките субјекти.

Дулови додава дека се имаа оддржувано неколку јавни дебати на тема што се прави со печатените медиуми и искуствата од европските земји.

-Тоа беше еден процес на едукација, бидејќи кај нас, секогаш кога се споменува некоја помош која што треба да се земе од државата, има бурна реакција, се до моментот кога ќе ги информираш за сознанијата каде што ние се стремиме, а тоа е да бидеме дел од ЕУ, вели Дулови.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

sixteen − 14 =