Немедицинското одвикнување од дроги е единственото успешно, во спротивно само ја заменуваме дрогата со друга дрога

You must need to login..!

Опис

Претставници на здружението НАРКОНОН кое помага на илјадници луѓе да се изборат со зависноста од дроги, гостуваа во Утрински брифинг. Радомир Јоциќ и Дејан Димевски посочија дека располагаат со капацитет за 15 луѓе, а програмата трае 5 до 7 месеци.

„Нудиме немедицински третман кој не користи никаква замена за дроги или медикаменти. Работиме на база на витамини и минерали. На почеток квалификуван доктор прави целосни медицински прегледи дали е некој квалификуван да ја направи програмата, најважно е да се има волја да се надмине тој проблем“.

„Во првата фаза, 24 часа има надзор за да се справиме со кризите кои е можно да се јават. Користиме витамини и минерали. Потоа продолжуваме со процесот на детоксикација кој предвидува: сауна, прошетки, масажи и физичко исфрлување на токсините. И на крај доажа едукативниот дел за да не се вратат на дрогата.

Прашани за тоа колку јавното мислење влијае врз желбата да се побара помош, нашите соговорници велат дека состојбата се уште е лоша: Се уште владее мислењето што ќе каже комшијата, што ќе каже фамилијата. Не можеме да живееме во илузија, мора здравјето на лицето кое го скаме да ни е најважно. Не треба да се срамиме, туку да бидеме горди на таа борба“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 17 =