Економијата во процес на рехабилитација – Нема закана од инфлација и турбуленции во банкарскиот сектор

You must need to login..!

Опис

Ги имаме податоците за вториот квартал од годинава и таму иимаше многу висока стапка од 13,5% во однос на истиот квартал минатата години и таму се согледуваат тие цифри за високиот раст на извозот и увозот каде што припаѓаат компаниите кои што работат во ТИРЗ, изјави за Утрински брифинг проф. Марјан Петревски.

На прв поглед тоа е многу висока стапка која многу ретко ја гледаме. Во македонската историја можеби не сме ја виделе, но да погледнеме како е таа настаната – во вториот квартал настана олабавување на рестриктивните мерки, економијата почна послободно да диши, но многу побите е тој базен ефект, а тоа е многу ниската споредбена основа од истиот квартал од претходната година. И логичен сега е тој раст, вели Петревски.

Ова е добра индикација бидејќи покажува дека имаме знаци на излегување од пандемијата, на заздравување на еконоијата. Тоа не значи дека економијата е на нивото од пред пандемијата. За тоа ќе ни треба уште малку време. Со оваа динамика проекциите се дека ќе се вратиме на тоа ниво некаде во првата половина на 2022.

Сега има дополнителни предизвици. Главниот предизвик е што пандемијата е се уште присутна, така што неизвесноста е се уште присутна во значаен степен и тоа треба носителите на политиките да го менаџираат, додава Петревски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − eleven =