Нема голем интерес за европските извештаи за напредок, не се менува многу после нив

You must need to login..!

Опис

Ако порано излегувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија за Македонија беше вест која се обработува до запирка, сега интересот не е таков, констатираат Димитар Николовски – Еуротинк и Тања Милевска, дописничка за МИА од Брисел.

„Би рекол дека се работи за замореност бидејќи очигледно после овие извештаи не се случува ништо конкретно“, вели Николовски во Утрински брифинг, кој потенцираше дека во новиот извештај меѓу другото се содржат критики врзани со изборниот законик и пречесто користење на европското знаменце во законодавството.

Тој забележува пад на довербата во ЕУ во анкетите, но сепак, вели, мнозинството преовладува кон европската определеност.

„Интересно е што во некои анкети се бара Македонија да започне друг вид на соработка со Европската унија, друг модел“, потенцира Николовски.

Милевска рече дека во Брисел главна вест е сепак судирот на Европската комисија со Полска, но дека во сенка на тоа е цврстата реторика на комесарот Оливер Вархеји.

„За малкуте луѓе кои ги интересира проширувањето, има доста засилена реторика од страна на Оливер Вархеји кој говори дека Македонија и Албанија не смеат да се двојат, дека треба што поскоро да партиципираат во ЕУ“, известува Милевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 19 =