Нела Витошевиќ: Претставата „Мојот маж“ отвора прашања и табу теми на нашето општество

You must need to login..!

Опис

Екипата на „Слободна ТВ“ беше во Драмски театар во Скопје, каде разговараше со режисерката Нела Витошевиќ за премиерата на претставата „Мојот маж“, по текст Румена Бужаровска, која ќе се одржи во сабота, 15 февруари.

-Стилот на пишување на Румена за мене е прилично едноставен и брутален. Бев фасцинирана од нејзините раскази, на кој начин таа ги отвора проблемите на македонскиот конзервативизам, на кој начин зборува за стигмите и стереотипите што го обележуваат нашето општество.

Ние се обидовме да направиме наш дијалог со расказите на Румена и да ги срушиме тие табуа, стигми за кои во нашево општество сè  уште е страшно да се зборува. Втората работа е што влегивме многу длабоко и со своите лични приказни.

Сметавме дека преку такво лично отворање публиката многу полесно ќе се соживее со темите за кои што зборуваме и преку тоа да доживее катарза од стегите што сите ги чувствуваме, а што се последица на вредносниот систем- вели режисерката Витошевиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =