Незири: Челниците на Косово, Црна Гора и Босна грешат што не се дел од Отворен Балкан

You must need to login..!

Опис

-Мислам дека проектот Отворен Балкан може да биде функционален само ако се приклучат сите шест балкански земји. Засега се приклучени само три. Дали ќе се приклучат другите зависи колку ќе бидат успешни иницијативите на овие три земји. Така беше и со Европската унија која започна од шест земји, покажа резултати и сега брои 28 земји, изјави за Утрински брифинг Џелал Незири од СКУП.

Тој додава дека и Косово, и Босна и Црна Гора ќе покажат интерес да се вклучат ако има резултати. Косово има страв од економска доминација на Србија бидејќи Косово има огромен трговски дефицит. Друг проблем е проблемот со признавањето. Косовските лидери велат дека не можат да бидат во иста група со некој кој не ги признава. Незири вели дека и Црна Гора и Босна и Херцеговина ги имаат приближно истите причини.

Но, Незири вели дека лидерите на овие земји грешат шшто не се приклучуваат кон Отворен Балкан, бидејќи тој модел не е нов и се покажало дека е успешен.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three + 9 =