🎥📞 Незири: Идејата на ДУИ за премиер Албанец не е нова – сосема легитимно и демократско е нивното барање

You must need to login..!

Опис

-За жал практика стана објавување на бомби како инструмент за одвикнување на гласачите од гласањето за политичките партии. Оваа практика мора да заврши со поодлучна реакција од надлежните институции. нашата кревка демократија мора да почне да функционира, изјави во Утрински брифинг, Џелал Незири, СКУП.

-Генерално партиите во корона криза се фокусираат на граѓаните кои полесно би можеле да се придобијат врза база на емоции. Во моментот кога сите треба да бидеме сплотени во она што не очекува наредниот период гледаме дека партиите играат на онаа национална карта.

-Секој граѓанин кога оди во болница не прашува кој од која етничка заедница е туку кој е најдобриот доктор. Од основањето како политичка партија ДУИ настојуваат како етникум да бидат претставени во оние три клучни позиции -(претседател на државата, на Собранието, Владата). Оваа нивна политика не е нова и истата најава за премер Албанец е од 2009. Брзата и експресна реакција на Заев како да и даде ветер во грб на оваа идеја на ДУИ. Како идеја е сосема легитимна и демократска и не е ништо страшно, изјави Незири за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − six =