🎥📞 Независниот културен центар во време на КОВИД-19

You must need to login..!

Опис

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа. Цело ова време се стремиме да го зајакнеме независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикнеме процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

-Создаваме програма и соддржина која треба да предизвика, да понуди дијалог, да не ги кочиме работите. Сите сме заедно во убавите и во неубавите нешта, но сметам доколку не сме доволно искрени и не ги претставуваме работите со едно критично око, мислам дека нема жанса да преживееме како општество, изјави за Утрински брифинг, Јане Чаловски од ЈАДРО, асоцијација на независната културна сцена.

-Асоцијата е дом на педесетина членови. Членки се невладини здруженија поврзани со културата, неформални групи, поедници од граѓанскиот сектор, вели Чаловски и додава дека пред месец и пол спровеле анкета за вонредната ситуација која се однесува на ефектот на пандемијата врз животот и работата на уметниците и културните работници од независната културна сцена во Република Северна Македонија.

Испитаниците кои одговорија на прашалникот претставуваат широк спектар на културни работници и уметници кои спроведуваат или се дел од независни или институционални програми за култура во различни градови во Македонија и делуваат во повеќе области (некогаш и истовремено). Најмногубројни се чинителните на дејност кои се идентификуваа со областа музика вкупно 73 (односно 56.2%), додека интересен е заклучокот дека приличен број се идентификува со интердисциплинарни практики вкупно 29 (односно 22.3%) со што потврдува дека испитаниците може да бидат афектирани негативно во повеќе специфични области (од креативно пишување до едукација, области кои се под 5%).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 14 =