Неделков: Второто полугодие да продолжи со онлајн настава – здравјето треба да е приоритет

You must need to login..!

Опис

Наставата со физичко присуство ќе го загрози здравјето на учениците и наставниците, сметаат од Синдикатот за образование, наука и култура. Претседателот, Јаким Неделков е против владината одлука.

-Ние како СОНК се обидуваме будно да ги следиме и превенираме состојбите што се однесува до здравствената пандемија. Уште од март активно се вклучивме во изнаоѓање на најсоодветни решенија како да заврши таа учебна година, со онлајн настава која што за волја на вистината до тој момент многу малку се користеше во Македонија. Тогаш професорите и наставниците ја организираа наставата такак како што знаеа и умееа, но со текот на времето имаше национална стратегија како да се одвива наставата, изјави за Утрински брифинг Јаким Неделков, претседател на СОНК.

-Со оглед на бројките на заразени и починати кои што одат во нагорна линија, ние апелираме до надлежните здравствени работници, до Владата која што носи одлуки, до Министерството за образование и наука да се преземат соодветни мерки, односно да се предложи второто полугодие да продолжи со онлајн настава, потенцира Неделков.

-Ние сме свесни дека наставата со физичко присуство има поголем квалитет, но ако гледаме што е поприоритено во овој момент дали здравјето на учениците и вработените во училиштата или квалитетна настава, секако дека ќе се одлучуме дека здравјето и безбедноста и на вработените и на учениците е приоритет, додава Неделков.

-Без разлика дали е пандемија или друга болест има правила на игра, односно Закони кои треба да се почитуваат. Законот за безбедност и здравје нормира на колкава температура работниците можат да работат. Работодавачот мора да обезбеди услови за работа. На вакви минусни температури, со отворени прозорци, тоа е неприфатливо. Затоа апелирам до надлежните да водат сметка на која температура се работи, вели Неделков.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 + 14 =