Неделков: Ако директорите го бојкотираат штрајкот, тоа ќе биде бламажа за нив

You must need to login..!

Embed Code

Опис

Имаме коректна комуникација со министерот за образование и наука, но ако до 15 март не го добиеме бараното покачување на платата, ќе ја прекинеме наставата со генерален штрајк, уште еднаш потврди првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

  • Ние не бараме само усогласување на платите по колективен договор туку и потпишување нови колективни договори за основно и средно образование. Ова се однесува на МОН меѓутоа да не ги заборавиме детските градинки кои се во надлежност на МТСП, рече Неделков.

Најниската плата на еден наставник е 24.500 денари, а со покачувањето кое го бара СОНК оваа сума би се искачила на повеќе од 40.000 денари.

  • Јасно е дека голем дел од средствата од буџетот треба да се пренамет за исплата на плати, што не им се допаѓа на “чуварите” на буџетот. Ние со години бараме усогласување на минималната плата со колективни договори. Ако тоа се направеше пред три години денеска немаше да има проблем, бидејќи растот на плати немаше да се случи истовремено, вели Неделков.

Тој повикува на единство помеѓу наставниците без разлика од која политичка партија се, а директорите ги повикува да не го бојкотираат шрајкот.

-Доколку не се реши проблемот до 15 март, советот на СОНК ќе донесе одлука врз основа на постигнатите резултати. Сметам дека наставниците се сплотени без разлика на политичките партии. Од директорите очекувам се, дури и притисок врз насравниците, но ако го направат тоа, ќе биде срам за нив, завршува Неделков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen − 2 =