„Недела е ден за неделен одмор“, разговор со Милан Живковиќ, советник на премиерот Заев

You must need to login..!

Опис

Министерството за труд и социјална политика е органот, институцијата која го пишуваше Законот за работни односи. Секако дека сите останати чинители се обидуваа да го подобрат и да го стават на хартија се она што го бараат социјалните партнери. Разговорите течат секојднено и конечното решение сметаме дека ќе биде добро за сите граѓанки и граѓани, за сите работнички и работници, не само затоа што беше предизборно ветување на СДСМ, тукку влезе и во владината програма. Недела е ден за неделен одмор и работењето за оние дејности, односно работодавачи кои што ќе покажат дека производствениот процес не смее да биде прекинат, ќе биде соодветно платен, изјави во Утрински брифинг, Милан Живковиќ, советникот за труд и социјална политика на премиерот Заев.

Овој закон е Legs generalis, овој закон важи за сите. Недела е ден за неделен одмор е за сите. Исклучоците ги наведуваме. Првично беа 34, по консултација увидовме дека не сме вклучиле една или две дејности кои ги додадовме во листата, додаде Живковиќ.

И оние работници или работнички кои работат по кафеаните и кафиќите заслужуваат да го имаат недела како неработен ден. Секако, ова не е конечно, во тек се преговори, сите треба да бидат слушнати.

Со најновите предлог решенија предвидено е освен паричната казна која што ќе следи, ќе има и забрана за вршење на дејноста на оние што ќе ги прекршуваат овие одредби, вели Живковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + eight =