Неделава стартува со работа жичарницата на Водно – цената останува иста

You must need to login..!

Опис

Од неделава граѓаните на Скопје но и сите посетители на главниот град ќе може повторно да уживаат во панорамските погледи од планината Водно.

Стартува со работа Жичарницата која поради пандемијата до сега не беше во функција.

За корисниците ќе важат препораките односно ќе мора да се придржуваат до протоколите за заштита од ковид 19, пред се задолжително носење заштитна маска.

Со одговорно однесување на секој поединец сите ќе може да уживаме и безбедно да го користиме овој вид на превоз до Милениумскиот крст.

За сите детали во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на Јавното сообраќајно претпријатие, Деспина Трајковска Димова.

-Извесно е дека ќе почне до работа жичарницата до петок. Таа е фукнционална, од технички и безбеднносен аспект е спремна за употреба. Во изминитаиот период е извршен редовен технички преглед.

-Имавме и мониторинг од Државниот инспекторат за жичарници при Министерството за транспорт и врски, како и од Државниот инспекторат при министерството за економија.

-Во сите тие процедури и тестирањ не се утврдени никакви недоследности и објектот е спремен за пуштање во употреба, вели Трајковска Димова и додава дека изготвен е и протокол за користење на жичарата во услови на ковид 19.

-Во кабината ќе се ќе биде дозволен влез на максимум 4 лица што е за 50% полку во однос на капацитетот на кабината, вели Трајковска Димова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 − eleven =