Небиу: Реториката на Мицкоски за Преспанскиот договор е алиби сценарио како подготовка за изборен пораз

You must need to login..!

Опис

Прв пат во 2003 година ја напуштив Македонија. Работам во меѓународни невладини организации. Зошто се враќам? Затоа што човек има само едно дома, за мене ова е единственото. За мене тоа е природна одлука која не ја носам сам, туку ми доаѓа.

Околу оптимизмот – би го цитирал Черчил: Оптимизмот е единствената корисна позиција. Во таа смисла дека ако не веруваш во промени не треба да се бавиш со активизам и да бидеш дел од развојните иницијативи, изјави за Утрински брифинг Бесим Небиу, граѓански активист.

Околу очекувањата на изборите, Небиу смета дека земјава се наоѓа во позиција каде што или ќе направи позитивен чекор и суштински напредок кон Европа, не само технички туку и вредносен елемент од Европа или ќе одиме во сосема друга насока.

На овие избори се избираат помеѓу постоечките опции: Едниот е континуитет и морам да напоменам дека се решија прашања кои ја блокираа земјава кон успешен пат – СДСМ е носител на таа опција. Другата опција е онаа на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е јасен избор за друг правец. Сметам дека опцијата која ќе продолжи со континуитетот на овие три години ќе победи.

Сметам дека мултиетнички коалиции треба да има и пред избори. Тоа ќе биде корисно и ќе биде развивање на политичка култура.
Околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека ако добие 2/3 во Парламентот ќе го ревидира Преспанскиот договор, Небиу смета дека прво е нереално ВМРО да добие 80 пратеници и самата партија е свесна за тоа. Зошто тоа го говорат е друго прашање.

Се работи за реторика која на извесен начин е алиби сценарио. Партијата на Мицкоски 11 години владееше со Македонија на начин на кој што на сите ни е познат. Таа власт беше сменета како резултат на длабока општествена траума. Сегашното раководство не го расчистува наследството од тие 11 години.

Имаат премногу калкулации и луѓе од минатото и не даваат никакви гаранции за суштински реформи со што ја осиромашува политичката понуда и со тоа го прави лесен изборот помеѓу овие две опции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + 14 =