На што се должи намалувањето на довербата во демократијата за функционирањето на една држава, разговор со Љупчо Поповски

You must need to login..!

Опис

Анкетата на ИРИ се прави еднаш годишно и се прави лично, не телефонски. Делот за популарноста на партиите секогаш е на дното на анкетата, додека горе се поставени поважните теми, од тоа каде оди македонското општество, кои с епроблемите, дали живото е подобар или не, како се справувала Македонија со пандемијата. Во последната анкета се најдоле рејтинзите на партиите, состојбата во неколку градови и какво е расположението таму, изјави во Утрински брифинг новинарот Љупчо Поповски.

Една од работите која мене најмногу што ми остави впечаток во анкетата е довербата во инситуциите. За мене вчудоневидувачки е дека граѓаните најголема доверба имаат во банките. До вчера некој да доаѓал во студиово и да се кладел дека граѓаните ќе имаат најголема доверба во банките јас верувам дека никој не би добил, вели Поповски и додава дека овој податок е уште позапрепастувачки дека доѓа по пропаѓањето на Еуростандард банка, протестите на штедачите и одлуките на Уставниот суд.

Без оглед кој што мисли за банките, дека се лихвари, дека се ограбувачи на насалените, дека каматите се преголеми, сепак обичниот граѓанин верува дека тие можат да го извлечат него од секојдневните проблеми и дека можа да ги му ги чуваат парите, а ако почнува некој бизнис дека може да позајми пари и тие да бидат стабилен фактор во неговиот потфат, вели Поповски.

-Претпоставувам дека луѓето во најголем случај немаат проблем да земаат кредит или да направат потфат каде што тие би можеле да бидат спречени или потценети од банките. Значи кога граѓанинот кога ќе отиде во банка, генерално претпоставувам дека се чувствува задоволен, смета Поповски.

-Во друг дел од анкетата интересно е што на шесто или седмо место е корупцијата. Луѓето вртат по телефони, се жалат по емисии, одат на протести, а по нивната перцепцијата излегува дека тоа и не им е толку важно, вели Поповски и додава дека владеењто на праото е уште подолу во анкетата.

-Друг сегмент од оваа анкета на еден загрижувачки начин го покажува односот на јавноста кон демократијата. На прашањето „Дали верувате дека демократијата е најдобра можна форма за владеење за вашата земја“ само 51 отсто дале потврден одговор. Од останатите, 41 отсто мислат дека има и други форми за владеење еднакво добри за државата или дека има подобри форми на владеење од демократијата. Во овој корпус за второто мислење се изјасниле 17 проценти. Ова се навистина загрижувачки резултати – пред една година, во анкетата на ИРИ спроведена во февруари 2020, довербата во демократијата била 61 отсто, а наклоноста кон други форми 27 проценти.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × four =