“На точак” бараат ограничување на брзината на движење 30км на час во цело Скопје

You must need to login..!

Опис

Во пресрет на локалните избори неформалното здружение „НаТочак“ побара од кандидатите за место во локалната власт во Скопје и скопските општини, без разлика дали се претставници на политички партии или настапуваат независно, во своите програми да предложат конкретни мерки за одржлив и безбеден сообраќај и да се заложат за град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед.

Поради тоа, „НаТочак“ смета дека идната локална власт треба да заземе посериозен пристап со фокус на 10 конкретни точки, и тоа: ослободување на тротоарите од возила, изготвување План за велосипедска мрежа со цел да се обезбедат велосипедски патеки и ленти или велосипедски улици на најмногу 125 метри од сечиј дом/работно место/дестинација, воведување Зона 30 во цело Скопје, овозможување паркинзи за велосипеди, систем за изнајмување на велосипеди, уредување на кејот на Вардар и другите реки за пешачки и велосипедски патеки.

За овие барања денеска во Утрински брифинг зборуваше Дарко Арсовски Петровски, член „НаТочак“.

– Жалам што повеќе не не викаат на состаноци во Град Скопје пред да почнат со реконструкција на некоја улица, како што беше случај порано. На пример кај МАНУ го копаат асфалтот, викаат дека тоа е реконструкција, но тоа е само  обична рехабилитација на улицата. За да кажеме дека се прави реконструкција треба да се стеснат коловозните ленти, да се прошири пешачката патека или барем да се направи средишно острово. Сега не викаат откако се е завршено за да ни кажат како ќе изгледа. Треба да се консултираат со нас бидејќи меѓу нас има професионалци, кои за жал недостасуваат во општините, вели Дарко.

Тоа за што се залага оваа иницијатива е да се ограничи движењето на движење на 30 км на час. Велат дека е лесно тоа да се изведе, ако се земат примери од Парис, Њу Јорк, Барселона…

– Тоа е тренд во многу светски градови, Парис е единствениот град кој тоа го направи на цела територија. 3о км на час се вози и во Берлин, Лондон, Милано. Ако овие градови можат тоа да го направат, сигурно може и Скопје. Правилото е: ако тој што го проектира булеварот докаже дека таму мора да се движат возилата со 0 км на час, тогаш нека биде така, но на сите споредни улици автомобилите да се движат со брзина од 30 км на час. На тој начин, колите ќе возат само по булеварите, и нема да прават метеж низ тесните улички, објаснува Дарко од НаТочак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 13 =