На матурантите од средно медицинско им се нуди работа, скоро никој не прифаќа

You must need to login..!

Опис

И покрај тоа што секоја година матурираат по околу 600 ученици само од средното медицинско училиште, „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, здравствените установи имаат проблем да обезбедат медицински, стоматолошки сестри и лаборанти. Иако училиштето честопати се појавува во улога на посредник и обезбедува вработување во клиниките каде што учениците ја реализираат практичната настава, понудата за вработување најчесто се одбива. Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу тоа го објаснува со одлуката на матурантите образованието да го продолжат на некоја од високообразовните установи, а не е за занемарување ниту трендот за напуштање на државата поради примамливите понуди за работа во странство.

-Техничкиот кадар кој е подготвен веднаш по матурирањето на влезе на пазарот на труд, не покажува интерес за вработување. Тоа се виде и по можноста да изберат помеѓу полагање на стручен испит или државна матура, која што им ја отвора можноста да се запишт на факултет. Речиси сите избраа да полагаат државна матура, и релуларно се пријавија во предвидениот рок за полагање. Оттаму доаѓа и проблемот со недостаток на медицински сестри, објаснува Салиу.  Таа потенцира дека добредојден е кадарот од останатите образовни институции кои нудат вонредно образование за медицинска доквалификација или преквалификација, но ногласува дека мора да се почитуваат стандардните образовни кодекси и да се внимава на квалитетот на стекнатото знаење, кое вклучува теоретска и практична настава, која дури и во време на пандемија и онлајн образование, мора да се одвива.

-Уште на почетокот на годинава добивме план за реализација на наставата кој предвидува практичната настава да се извршува со физичко присуство. Беа донесени дополниелни протоколи за реализација на наставата, која досега одлично се реализира.  Практична настава е предвидена за учениците од трета и четврта година, дел се реализира во клиниките и останатите здравствени установи со кои имаме соработка, додека дел се извршува во училиштето, додаде Салиу.  Во случај на полошо сценарио кое можеше да се случи со коронавирусот се разговараше во борбата со пандемијата да се вклучат и матурантите од средното медицинско училиште,  но како што вели Салиу немало потреба од такво нешто. -Сакам да нагласам дека учениците преку практичната настава сепак се вклучени во здравствениот систем, можеби не во толку голем обем и фонд на часови, но секако еднаш неделно се ангажирани на некој оддел кој е од интерес за предметот кој го изучуваат, објаснува директорката на средното медицинско училиште.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − sixteen =