Најчевска: Човештвото како да е на ниво на развојот кога почнува да ја сознава својата инфантилност

You must need to login..!

Опис

Говорот на омраза може да е израз на немоќ нешто да се направи, меѓутоа сигурно не е решение. Тој не е орудие на демократијата, туку е оружје кое ја уништува демократијата“.

„Омразата ја говорат професори, политичари и новинари. Омразата ја говорат млади и стари, припадници на различни етнички заедници и уверувања, жени и мажи, … Се шири како пожар и граѓаните постепено почнуваат да ја прифаќаат како нормална, потребна, па дури и како составен дел на демократијата.

дел од колуманта на Мирјана Најчевска за Цивил медиа

-Не е возможна демократија кога имате толку омраза. Таа во принцип значи разговор, комуникација, градење на заеднички ставови, обезбедување на интересите на голем број граѓани. Но се стекнува впечаток дека во денешно време како да се намалува чувството за јавносто добро, за она што е бенефит на целата заедница. Општествата и луѓето стануваат многу затворени и себични во однос на одредени свои посебни интереси и потреби, задоволување на желби и пандемијата во голема мера некако им помогна во овој облик н затворење. Исто така еден од големите проблеми на отсуството на вистинска комуникација е намалувањето на нивото на знаење, на општественото знаење, на знаењето за општествените процеси. Некако технолошкиот развој како да не оди заедно со растот на моралната свест и развојот на чувството дека сите живее на оваа планета и дека немаме резервно место, дека мора да најдеме начин да обезбедиме живот за сите.

Тоа ме води до друг заклучок дека човештвото е на тоа ниво на развојот кога почнува да ја сознава својата инфантилност. Имено децата се оние кои што не успеваат секогаш да комуницираат меѓу себе, ги изразуваат емоциите на агресивен начин, значи човештвото е во таа фаза на осознавање дека треба да пораснеме и можеби тогаш ќе почнеме да наоѓаме начин на комуникација. Како потврда на ова е тоа што во суштина луѓето можат да искомуницираат многу добро кога станува збор за криминалното договорање, што го потврдува нивото на себичност и го овневозможува да го осознаат јавното добро на ниво на земјина топка, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор, Мирјана Најчевска.

Целиот разговор со професорката Мирјана Најчевска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 5 =