Најголем дел од апликантите на повикот на ФИТР се компании кои првпат конкурираат, разговор со Тања Илијевска

You must need to login..!

Опис

На повикот за грантови за технолошки развој што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), најголем дел се компании кои првпат конкурираат. Од вкупно пристигнатите 706 апликации, 540 се апликации од компании кои за првпат се јавуваат на повикот.

Ова покажува дека е постигната целта односно компаниите во Фондот гледаат партнер од доверба при реализацијата на новите можности и справувањето со предизвиците што ги носи пандемијата.

– Изборот на пристигнатите апликации ќе го прави Комитетот за одобрување на инвестиции во кој членуваат три нови членови – меѓународни претприемачи. Во оваа фаза не можеме да збориме за квалитетот на апликациите, но приоритет се квалитетни предлог проектии. Се надеваме дека овој процес на селекција ќе заврши прилично и релативно брзо. Ќе се прават напори да се обезбедат средства на соите проекти кои се квалитетни. Не секој аплициран е во фаза да добие поддршка. Понатамошниот план на Фондот е да обезбеди менторска поддршка за тие што нема да добијат средства, односно зелен сигнал за финансирање, но сепак вложиле напор да аплицираат за проект, така што фокус ќе ни биде и на оние кои нема да им бидат одобрени средства, изјави во Утрински брифинг Тања Илијевска од Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор во ФИТР.

Целата структура на поддршка која ја има ФИТР се однесува на микро и мали компании, вклучително и за овој повик – 95% се од микро и мали претпријатија. Станува збор за релативно нови компании, на оние кои се пробиваат и станува збор за компании кои се уште имаат потешкотии за финнансирање особено од страна на комерцијален извор. Главен фокус ни е поддрка на старт ап и токму станува збор за такви компании кои дополнителните средствата ги вложуваат или преку лична инвестиција или преку кредит од банките на лично име, вели Илијевска.

Секоја компанија со ФИТР потпишува договор каде се регулираниои прашањата што смее, а што не смее. Суштинското доаѓа во начинот на кој се следат проектите. ФИТР покрај интерните ресурси има и ангажирано и ревизорски компании кои заедно со стручнит елица на ФОндот го следат секој проект. Тоа практично значи дека за секој проект се знае секое плаќање, а комитетот при самото одобрување на проектот го одобрува проектниот буџет, односно од старт знаеме за што треба да се потрошат средствата и проектната апликација во која се дефинирани активностите кои фирмата треба да ги преземе. Во случај било што да се случи, односно да има ненаменско трошење на средствата, самата реализација, бидејќи парите не се даваат веднаш, се запира финасирањето се додека не се отстранат проблемите, вели Илијевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 1 =