Националното советодавно тело е филтерот низ кој ќе минуваат сите клучни акти и прописи кои што ги носи државата во однос на националните политики за млади

You must need to login..!

Опис

Знаејќи дека Законот за младинско учество и политики е производ на еден макотрпен и долг процес кој се базира на инклузивност и парцитипативност од повеќе страни и беше со јасна цел, можам да кажам дека има голема реализација на законот за младинско учество и младински политики и како Влада во тесна соработка со Агенцијата за млади и спорт се работи на една добра реализација на законот, изјави во Утрински брифинг советникот за млади на премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев.

Националното советодавно тело во моментот се наоѓа во владина постапка и тоа е клучното тело затоа што овозможува на претставниците на младинските организации на претставниците од институциите да седат на иста маса и заедно да носат клучни одлуки за младите луѓе. Советодавното тело е филтерот низ кој ќе минуваат сите клучни акти и прописи кои што ги носи државата во однос на националните политики за млади. Тоа е телото кое ќе дава мислење по однос на одредени политики, ќе воспоставува механизам за следење, тоа е телото без кое нема да може да функционира или пак да се донесе било каква политика на национално ниво кое е поврзана со младите луѓе, вели Тасев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =