Научна фантастика за нас во Бугарија е да станеме видливи во државата, како Македонците во Србија

You must need to login..!

Опис

-Голема игра е во прашање. Бугарија им дава пасоши на Mакедонци во Албанија, ќе се обиде и со Горанците во Косово, за да покаже дека Македонија е опкружена со Бугари и дека Mакедонците во официјално Скопје се измислена категорија” – смета Васил Стерјовски , лидер на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за евро интеграција.

-До пред половина година Бугарите не сакаа да признаат bугарско малцинство во Mакедонија, бидејќи сметаа дека таму целиот народ е бугарски., изјави во Утрински брифинг Иван Сингартијски, потпретседател на ОМО Илинден Пирин.

,Албанија донесе Закон за заштита на малцинствата и тоа беше брање на Европската Унија, како и барање на малцинствата во Албанија. По паѓањето на режимот на Енвер Хоџа, малцинствата бараа да имаат посебен Закон за заштита на нивните права, изјави во Утрински брифинг, Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за Евро- интеграција, Албанија.

-Имаше предлог Закон во кој се бараше признавање на осум малцинства, во кој немаше Бугарско малцинство. Тогаш во последен момент Бугарија се закани на Албанија дека ќе стави Вето на Албанија и на крај Албанија беше бриморана да признае Бугарско малцинство иако не ги исполнуваат ниту еден критериум за малцонство, вели Стерјовски.

Целата дебата погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × two =