Наумоски: Реализирани се 80 проценти од проектите што ги ветив

You must need to login..!

Опис

„Корзото“ во Ѓорче Петров е во крајна фаза. Досега ќе беше пуштено во употреба да не се случеше пандемијата, која значително ги намали градежните активности, не само за изградба на Корзото, туку воопшто и за останатите проекти, рече денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

– Корзото е речиси завршено но неговото официјално пуштање во употреба зависи од од отворањето на локалите, какои од флуктацијата на луѓе. Штом ќе дозволи бројот на заболени и ќе се олабават мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, ние ќе го промовираме овој голем проект. Во меѓувреме се насочивме кон други инфраструктурни проекти, рече Наумоски. Тој нагласи дека за време на неговиот три ипол годишен мандат има реализирано околу 80 проценти од проектите кои ги ветил во предизборната програма.

-Заедно со Владата, Град Скопје и преку разни фондови успеавме да реализираме многу проекти. Во училиштето Димитар Поп Георгиев Беровски се гради базен, се завршија многу инфрасруктурни проекти, како дислокација на цевка од главниот вод на Рашче која беше опасност за пола населба, во Волково се гради најмодерната градинка во Југоисточна Европа со капацитет од 175 деца, во О.У. „Јоаким Крчовски“ се изгради спортска сала, се завршуваат канализациони мрежи, се асфалтираа улици со вкупна должина од над 32 километри, имаме најмодерно лед осветлување со смарт светилки, компатибилни со проектот на Градот, Смарт сити, истакна градоначалникот Наумоски и додаде дека се потпишани договори за доградба на училиштата „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и за „Тихомир Милошевски“ како и за доградба на три занимални за градинката „Детелинка“. Нереализирана ќе остане амбулантата во Дексион, а со новиот Буџет за 2021 година повеќе внимание ќе се посвети на урбаниот дел од Ѓорче Петров.

-За Дексион направивме јавно приватно партнерство и физибилити студија за нова амбуланта и градинка, го чекаме новиот Детално урбанистички план за да можеме да го објавиме тендерот. Граѓаните ме критикуваат дека повеќе работиме во руралниот дел, каде што направивме кружен тек во Волково, таму ја финишираме канализационата мрежа и почнуваме со примарна и секундарна канализација во Орман а работиме и на пречистителна станица, преку Крос бордер програмата. Во 2021 повеќе ќе работиме на крупни проекти во урбаниот дел на Општината, рече Наумоски. Ѓорче Петров не е новогодишно украсена, а не беше ниту лани, кога наместо украсување првачињата добија новогодишни пакетчиња. Во Буџетот за 2020 како што вели Наумоски не биле воопшто планираме средства за украсување. Тој новогодишната ноќ ќе ја помине со семејството кое пред четири месеци се прошири кога на свет дојде неговото трето дете, синот Јаков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + one =