Наумов од ТМРО: Главен акцент на кампањата во Штип ќе ставиме на задржување на младите во земјава

You must need to login..!

Опис

Лазар Наумов е кандидатот за градоначалник на Штип од ТМРО. Тој е роден штипјанец, истакнат музичар, дипломиран на „Илија Николовски Луј“, познат во општината по музичката група Бумбари.

Наумов е координатор на ТМРО за овој град и ќе ја добие подршката од неколку вонпарламентарни партии кои ќе застанат здружено зад неговата кандидатура.

Се кандидирав за да направам промени во Штип, односно да ја завршам домашната работа што претходните градоначалници не си ја завршија, изјави во Утрински брифинг Лазар Наумов.

ТМРО и јас како нивен кандидат ветувам дека подеднакво важна ќе ни биде секоја една педа во Штип. Од денес и ние официјално ја започнуваме кампањата. Таа претежно ќе биде преку социјалните мрежи и програмата ќе биде доставена преку флаери до граѓаните на Штип. Целосно ќе бидат почитувани протоколите за заштита од Ковид-19. Акцент ќе биде ставен на младите. Знаете дека во последните години имаме нагло иселување, бараат егзистенција во други држави, вели Наумов.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + fifteen =