Наумовски: Ќе барам втор мандат – Ѓорче Петров оди во вистински правец, протестите се со политичка позадина

You must need to login..!

Опис

Ѓорчевци ќе одлучат дали треба да побарам од раководството на СДСМ нов мандат. Јас не сум венчан за оваа функција, но се надевам дека е покажан исчекор, но доколку не би кажал дека имам желба се чувствувам дека ќе ги предадам моите ѓорчевци, но со соодветна анализа мислам дека ќе ја добијам поддршката, изјави за Утрински брифинг градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Покрај тековните работи, асфалтирање, канализации итн, иамме неколку крупни капитални проекти – имаме најмодерна смарт сијалица, преку која е зголемаена безбедноста, нова модерна сала после 60 години во „Јоаким Крчовски“, се гради најмодерната градинка во југо-источна Европа, започнат е затворен пливачки базен, се гради „корзото“, едно историско мементо на нашите родители. Но за мене најголем несупех ќе претставува што не го завршивме до крај јавното-приватно партнерство за амбулантата во „Дексион“. Но мода да се има трпение, бидејќи ние сме градоначалници во време на референдум, претседателски избори, парламентарни избори, не фати пандемијата и многу рокови се одолжија бидејќи зависиме од човечките ресурси.

Ние го спасивме Хром. Во општината немаше ниту еден урабанистички палн. Се се работеше по старите правилници. Немаше категорија А1 и А2 за домување, односно имаше само А што значи дека секоја куќа беше зграда. Протестите се иницирани со политичка заднина, со 30 возила и 50 луѓе. Сите дезинформации дека ќе се прават згради во паркот, дека ќе се девастира се чиста лага.

Целиот разговор со градоначалникот Наумовски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + 4 =