Наумовски: Она што е сигурно е дека имињата на улиците од повоениот и периодот на солидарноста ќе мора да се вратат во Скопје

You must need to login..!

Опис

Град Скопје ја објави листата од 571 име според која во иднина би се именувале улици, плоштади, паркови и мостови во градот. Покрај новите имиња се предвидува да се вратат и старите имиња на улиците, со што Аминта Трети пак да биде Ленинова, Јордан Мијалков – Железничка, Филип Втори – Стив Наумов. Тафталиџе повторно ќе ја има улицата Мексичка наместо Петре Пирузе, а Борис Сарафов пак ќе стане 4 Јули.

Во листата на нови имиња се пејачот Дејви Боуви и групата „Квин“, групите „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Улица ќе биде именувана и по Есма Реџепова, како и по филмот „Медена земја“. Во листата со нови имиња за улици се и имињата на починатиот новинар Никола Младенов, пејачката Вања Лазарова, архитектот Живко Поповски, спортистите Благоја Георгиевски – Буштур, Атина Бојаџи, заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи, потоа имињата на писателите Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Се предлага еден плоштад да се вика „Вера, надеж и љубов“, а Градскиот парк би се викал „Безвременски“.

Планот е да се вратат старите имиња на дел од скопските улици што беа сменети во периодот кога мнозинството во градскиот Совет и градоначалничкото место во главниот град и во повеќето општини ги имаше ВМРО-ДПМНЕ. Бранот на преименување на улиците, кои добија партиски и антички предзнак тогаш предизвика бурни реакции во јавноста.

Каква симболика претставуваат некои од имињата, и овој пат во јавноста и на социјалните мрежи се отвори полемика за тоа која личност или име е соодветно а кое не.

Гостин во Утрински брифинг беше шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, Никола Наумовски.

-Градот има обврска да го апдејтира списокот на имиња секои неколку години. Последниот пат тоа беше направано на скандалозен начин. Она што денеска го правиме е да ги вратиме имињата на улиците кои беа дел од скопската мапа. Крајно неодговорно е на секоја најава на градската администрација советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е да оди контра. Она што ние го имаме, е тоа дека нема име кое што може да и ги помати сметките или да и биде трн во око на опозицијата. Денес луѓето не се сеќаваат дека некој жестоко протестираше за да се зачуваат имињата Ленинова и Железничка. Ја враќаме можноста тие улици да станат дел од градската скопска мапа и луѓето да си ги нарекуваат како што си ги нарекувала отсекогаш. Од она кое што точно сме сигурни дека ќе мора да се случи е дека имињата од периодот на солидарноста и повоениот период ќе мора да се вртат во Скопје. Ако не го направиме тоа ние го забораваме земјотресот и помошта што југословенската и светската заедница му ја дадоа на Скопје, изјави Наумовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 + 1 =