Наумовски: „Витаминка“ работи непречено – Храна мора да има за сите!

You must need to login..!

Опис

Никој не очекуваше дека ќе дојде до оваква криза и пандемија. Ние секојдневно помагаме во оваа непогода. Работиме во прехранбена индустрија. Капацитетите ни работат непречено и без никакви проблеми имаме дистрибуција на производите. Храна мора да има!, изјави за Утрински брифинг, директорот на „Витаминка“ Сашо Наумоски.

Процесот на производство претпре и поглеми измени во начинот на однесување на вработените во компанијата. Вршиме дезинфекција со посебни дезинфекциски средства наменети за производство на прехранбени продукти.

И претходно имавме најдобро организирана транспортна дистрибуција во Македонија. Проблемот со извозот успешно го пребродуваме и нормално функционираме на тоа поле. Морам да кажам дека секоја држава на различен начин реагира. Сеа за сега имаме пролонгирани нарачки од Србија, БиХ и Црна Гора. Од ЕУ немаме откажано нарачки, вели Наумовски.

Имаме 702 вработени. Неспорно дека грижата за нашите вработени е коректна. Тука сме да им помогнеме. Не само што се целосно заштитени туку и постојано се информирани. На вработените им помагаме со производи за да го минимизираме стравот од губењето на работното место. 15% се ослободени согласно препораките од Владата. Укинато е работењето за викенд. Исплативме 100% плата за оние кои се дома и додатни 10% за оние кои работат во вонредна состојба, вели Наумовски.

Никој нема искуство со ваква пандемија. Секојдневно владата ги надградува мерките. Но сакам да кажам дека ние нема да користиме некои од мерките на владата, затоа што напата дејсност не е во загрозените дејности. Единствена мерка што би можела да ја користиме е одложено плаќање на кредитите. Секојдневно сме во комуникација со банките. Ако ги сервисираме редовно обврските и оваа мерка нема да ја користиме, вели Наумовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 2 =